Османи за „БГНЕС“: Добрите односи со Бугарија немаат алтернатива

Македоскиот министер за надворешни работи Бујар Османи во интервју за бугарската агенција „БГНЕС“ вели дека „добрите односи со Бугарија и европската перспектива за Македонија се без алтернатива“.

Османи посочи дека властите во Скопје, во следниот период активно ќе бараат решение за спорот по реафирмираниот став на Бугарија во однос на почетокот на преговорите за членство во ЕУ.

„Во следниот период очекуваме кога ќе се формира владата во Бугарија да почнат разговорите. Сметам дека и во декември има добри шанси да се најде решение, бидејќи немаме друга алтернатива освен добрососедски односи со Бугарија“ порача Османи.

Шефот на дипломатијата смета дека „немаме друга алтернатива освен заедничка европска перспектива. Се надеваме дека оваа политичка стабилност во двете земји ќе даде резултат“.