Дали имало средба во „Вила Водно“ и кои биле мотивите на лидерот на ДУИ Али Ахмети да иницира амнестија за екс премиерот Груевски и негово враќање во Македонија?
Кои би биле можните реперкусии од одлуката на Уставниот суд за законот за употреба на јазиците? Што се крие зад посетите и средбите на Ахмети во Швајцарија и Хрватска? На овие и други прашања, интервју со потпретседателот на ДУИ Арбер Адеми.
Дали договорот меѓу Владата и банките ќе биде од бенефит за стопанството, а на штета на граѓаните? Имаме ли капацитет да го сервисираме државниот долг кои се движи кон 70 отсто или ќе станеме должничка држава?
Дали СДСМ брзо ќе се консолидира или ВМРО ДПМНЕ ги изневери очекувањата на граѓаните, разговараме со универзитетскиот професор Ванчо Узунов.
Зоран Спасов – Ѕоф градска урбана легенда, писател со скопски сленг и со најпродавани тиражи на неговите книги.
Како живееме во времево, со распонот од идоли до распад на идеали?
Гледајте го магазинот „Трилинг“, вечерва 20:45ч на ТВ24, на youtube каналот Triling, како и на порталот triling.mk