Нема индиции за саботажа во авионската несреќа на ДХЛ во Литванија

„Нашите првични информации не укажуваат дека треба да истражиме (било какви) посериозни дејствија“, се наведува во соопштението на обвинителот Артурас Урбелис, додавајќи дека истрагата сѐ уште е во тек.

Литванија досега не најде докази за тероризам или саботажа во истрагата за падот на товарниот авион на ДХЛ (DHL), соопштија властите.

Министерството за правда на својата веб-страница објави дека црните кутии се пронајдени во текот на утрото.

Авионот се урна вчера рано утрината во близина на аеродромот во Вилнус, каде што требаше да слета, при што загина еден член на екипажот.

Летот го оперирала авиокомпанијата SWIFT, а леталото полетало од германскиот град Лајпциг.

-Товарниот авион удрил во куќа во близина на аеродромот околу 5:30 часот, изјави портпаролот на Националниот центар за управување со кризи.

Германскиот министер за надворешни работи подоцна рече дека тоа би можело да биде несреќа или хибриден напад во „нестабилни времиња“.

Канцеларијата на главниот обвинител на Литванија води една од двете официјални истраги за несреќата.

„Нашите првични информации не укажуваат дека треба да истражиме (било какви) посериозни дејствија“, се наведува во соопштението на обвинителот Артурас Урбелис, додавајќи дека истрагата се уште е во тек.

„Можеби во текот на истрагата ќе најдеме индиции за други видови активности“, рече тој.