Весиќ од притвор пренесен итно во Институтот во Сремска Каменица

По преглед од страна на специјалист, Весиќ со одобрение на судија за претходна постапка е задржан на одделението за коронарна интензивна нега во таа болница.

Поранешниот српски министер за градежништво Горан Весиќ, кој е во притвор и штрајкува со глад поради нагло влошување на здравствената состојба, утринава е префрлен во Институтот во Сремска Каменица, јавија белградските медиуми.

По преглед од страна на специјалист, Весиќ со одобрение на судија за претходна постапка е задржан на одделението за коронарна интензивна нега во таа болница.

Српскиот парламент вчера ги констатираше оставките на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ и министерот за трговија, Томислав Момировиќ, со што им заврши мандатот на таа функција.

Весиќ и Момировиќ поднесоа оставки по несреќата што се случи на 1 ноември во Нови Сад, кога се урна бетонска настрешни на железничката станица и загинаа 15 лица, а две се тешко повредени.