Русија нападна со „рекордни“ 188 дронови во текот на ноќта
„За време на ноќните напади, непријателот лансираше рекорден број беспилотни летала Шахед и неидентификувани беспилотни летала“, соопштија од военото воздухопловство.
Русија изврши рекорден број напади со беспилотни летала во текот на ноќта над Украина, оштетувајќи згради и „критична инфраструктура“ во неколку региони, соопштија денеска од украинските ВВС.
„За време на ноќните напади, непријателот лансираше рекорден број беспилотни летала Шахед и неидентификувани беспилотни летала“, соопштија од военото воздухопловство.
Тие прецизираа дека Украина била нападната во текот на ноќта со 188 дронови.