Генералниот секретар на НАТО во посета на Грција

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска е во еднодневна посета на Грција и ќе одржи одвоени средби со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и со министрите за одбрана и надворешни работи Никос Дендиас и Јоргос Герапетритис.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска е во еднодневна посета на Грција и ќе одржи одвоени средби со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и со министрите за одбрана и надворешни работи Никос Дендиас и Јоргос Герапетритис, јави дописничката на МИА од Атина.

Руте во Грција доаѓа од Турција каде што вчера, со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговараа за начините за ставање крај на војната меѓу Украина и Русија.

Според грчките медиуми, се очекува Мицотакис и Руте да разговараат за улогата на Грција во поширокиот регион, за средствата што земјата ги одвојува за одбранбен материјал, но и за односите со Турција.

По средбата, грчкиот премиер и генералниот секретар на НАТО ќе одржат заедничка прес-конференција.