ДУИ: Скандалозни изјави на Таравари за заробување на државата со политички конструкции

Демократската унија за интеграција остро реагира на денешните скандалозни изјави на Арбен Таравари за наводни истражни процеси креирани, режирани и оркестрирани од Владата против политичките противници.

Демократската унија за интеграција остро реагира на денешните скандалозни изјави на Арбен Таравари за наводни истражни процеси креирани, режирани и оркестрирани од Владата против политичките противници.

„Вакви изјави со прогонителски политички конструкции во минатото даваа и други членови на Владата без етнички легитимитет, со што ја презедоа улогата на сценарист, истражител, обвинител и судија.

-Овие закани со конструкции и политички прогон, како и притисоци врз истрагата и обвинителството никого не плашат, туку ја покажуваат скандалозната и неприфатлива тенденција на практикување на заробена држава од власта.

-ДУИ поддржува неселективното владеење на правото и бара меѓународно следена проверка на сите носители на политички функции.

-Сите нелегитимни албански експоненти во Владата континуирано се прозивани за големи коруптивни афери од страна на ВМРО ДПМНЕ и нивниот кредибилитет е нула во однос на доброто владеење, напротив мора да сносат одговорност за нивните злоупотреби.

-Сите овие изјави ги читаат Брисел и Вашингтон затоа што не оддалечуваат од владеењето на правото и европските вредности и ги враќаат застарените времиња на конструкции со политички лов на вештерки“, велат од ДУИ.