Филипче: Ќе соработувам со сите за да се спротивставам на лошите политики на власта
„Ќе соработувам со сите за да се спротивставам на лошите политики на власта“ рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче на 30-от партиски конгрес и изјави дека СДСМ ќе го вратат на победничките патеки.
„Ќе соработувам со сите за да се спротивставам на лошите политики на власта“ рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче на 30-от партиски конгрес и изјави дека СДСМ ќе го вратат на победничките патеки.
Тој рече дека нема волшебно решение преку кое СДСМ ќе биде владејачка партија.
Наведе дека е потребно многу работа и дека да се води државотворна партија е посложено од операција. Порача дека со многу критики се согласува и тие ќе бидат водилка, а за поразот на изборите, рече дека не е крај, туку нова шанса.
„Точно е дека ЕУ и НАТО не се мачкаат на леб, граѓаните сакаат ефикасна држава“, додаде Филипче.
Смета дека биле сервилни кон коалицискиот партнер, не се справиле до крај со криминалот на претходниците.
Следи пресвртница за партијата
Тој исто така рече дека секој што се огрешил треба да одговара за криминал и корупција, но дека правдата треба да биде иста за сите вклучувајќи ги и функционерите на власта.
-Ароганцијата ќе биде закопана длабоко земја додека сум јас претседател, рече меѓу другото Филипче и додаде дека СДСМ е особено горда што Радмила Шекеринска е првата дама од Балканот што ќе ја извршува функцијата втор човек на НАТО.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја турна државата, според него, повторно во нов режим, се прават чистки во институциите, од вештачки кризи и закани за измислени кризи. Власта игра на картата на поделби, вели Филипче.
Денеска продолжи и 29-тиот Конгрес на партијата, којшто се одржа пред почеток на 30 Конгрес на СДСМ, се констатираше недоверба на органите на Централниот и Надзорниот одбор и се констатираше оставката на досегашната заменик претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска.