Писториус се откажа од кандидатурата за канцелар и го поддржа реизборот на Шолц
-Ова е моја и само моја лична одлука. Последниве недели, повторно и повторно го потенцирав тоа и го повторувам што е можно појасно: Во Олаф Шолц имаме одличен канцелар. Тој ја предводеше коалицијата, која би била предизвик дури и во нормални времиња, преку веројатно најголемата криза во последните децении“, рече Писториус синоќа.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус објави дека нема да се кандидира за канцелар на државата на претстојните вонредни избори и најави дека ќе ја поддржи кандидатурата за реизбор на германскиот канцелар Олаф Шолц, јави Дојче веле. .
Во видео објавено на налогот на германската Социјалдемократска партија, Писториус наведува дека на раководството на партијата му соопштил дека „нема да биде во можност да биде кандидат на партијата“.
-Ова е моја и само моја лична одлука. Последниве недели, повторно и повторно го потенцирав тоа и го повторувам што е можно појасно: Во Олаф Шолц имаме одличен канцелар. Тој ја предводеше коалицијата, која би била предизвик дури и во нормални времиња, преку веројатно најголемата криза во последните децении“, рече Писториус синоќа.
Според анализата на порталот Политико објавена во средата, Писториус е најпопуларниот политичар во Германија, додека актуелниот германски канцелар Олаф Шолц е меѓу најмалку популарните.
Писториус е познат по неговите релативно тврдокорни ставови за обезбедување на оружје за Украина и проширување на германската војска, поради што, смета Политико, „не е нужно природно соодветен “ за партијата која традиционално се обидува да ги одржи врските со Москва и која и натаму е скептична за употребата на воената сила.
И покрај тоа, многумина во СПД тврдат дека Писториус е единствениот кој може да ја спаси партијата од тежок пораз на предвремените избори во Германија, што се очекуваат на 23 февруари, по падот на трипартиската коалиција на Шолц на почетокот од овој месец.