Шекеринска стана втор човек на НАТО

Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО Алијансата во 2020 година. Таа ќе ја преземе својата функција до крајот на годината.

Поранешната македонска министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска во Брисел беше избрана за Заменик генерален секретар на НАТО. Ќе му биде заменичка на Марк Руте, кој од пред неколку месеци е на чело на Алијансата.

Информацијата ја потврди и НАТО со објава од Генералниот секретар Руте на официјалниот сајт на Алијансата:

„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“.