Убиен портпаролот на Хезболах

Портпаролот на Хезболах Мохамед Афиф е убиен денеска во израелски напад врз густо населена област во Бејрут, потрдил за либанските медиуми претставник на проиранското движење.

Портпаролот на Хезболах Мохамед Афиф е убиен денеска во израелски напад врз густо населена област во Бејрут, потрдил за либанските медиуми претставник на проиранското движење.

Нападот е извршен во населбата Рас ал Наба во централниот дел на либанската престолнина, а не во упориштето на Хезболах во јужните предградија.

Израелската војска не издала никакво предупредување за евакуација пред овој напад.

Либанското Министерство за здравство објави дека првичниот биланс од нападот е еден загинат и тројца ранети.