Аморим: Манчестер јунајтед е најголемиот клуб во Англија, треба да се обидеме повторно да победуваме
Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим го именува клубот како најголем во Англија.
Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим го именува клубот како најголем во Англија.
– Ние сме Манчестер јунајтед. Точно дека клубот долго време нема титула во Премиер лигата. Но, ако ме прашаат, ќе одговорам дека Манчестер јунајтед е најголемиот клуб во Англија. Дел од историјата на англискиот фудбал. Треба да се вратиме на победнички патеки. Да се обидеме повторно да имаме успеси, изјави португалскиот фудбалски стручњак.
Аморим им упати порака на неговите фудбалери заеднички да изградат тимски дух, победничка атмосфера, да се врати самодовербата кај секој поединец.
-Треба јасно да ни биде на сите што сакаме. Потребно е секој инволвиран во работата на тимот да го знае тоа, играчи да го направат истото, изјави Аморим.