Скопје утрово е меѓу првите пет најзагадени градови во Светот со индекс на загадување од 175, објави платформата „Ај-кју-ер“. Воздухот во главниот град е означен во категоријата „нездрав“.
Концентрацијата на ПМ2,5 честичките во Скопје е 14,8 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација (СЗО).
Од градовите во регионот, најблиску до Скопје е Сараево (шесто место).
И според податоците од мерните станици на Министерството за животна средина, синоќа на полноќ во сите скопски општини загаденоста на воздухот со ПМ10 честичките е над дозволената концентрација од 50 милиграми на еден кубен метар воздух.
Загаден е воздухот и во Тетово, Гостивар, Кичево, Битола, Струмица, Кавадарци и Куманово.