(Видео) Трилинг најава: Историски кам бек на Трамп – светските лидери на стенд бај

„Се знаеше за неговиот авторитарен лик, за неговиот американски национализам, за неговите политики, а сепак Американците одлучија повторно да му дадат шанса. Не само што може, туку е и многу веројатно дека битно ќе се променат односите помеѓу Америка и Европа во целина“, вели во разговорот за „Трилинг“ проф. д-р Денко Малески, поранешен министер за надворешни работи.

Доналд Трамп патува кон Белата куќа во Вашингтон. На почетокот од наредната година по втор пат ќе влезе во Овалната сала на претседателот на САД. Во досегашните избори републиканецот пред осум години ја победи Хилари Клинтон. Пред четири загуби од Џо Бајден. Во битката со Камала Харис тој го освои т.н „Народен глас“ – мнозинството од сите Американци, со пет милиони повеќе од својот ривал.

Доналд Трамп е американски милионер што завршил воена академија и дипломирал економија. Трамп е татко на пет деца од три сопруги. Последната, Меланија, има потекло од Словенија. Најави дека доаѓа „златно време“ за Америка. Поворното велгување на Трамп во Белата куќа, светските лидери го оценија како историски најголемиот кам-бек.

Фото: Трилинг / Денко Малески

„Се знаеше за неговиот авторитарен лик, за неговиот американски национализам, за неговите политики, а сепак Американците одлучија повторно да му дадат шанса. Не само што може, туку е и многу веројатно дека битно ќе се променат односите помеѓу Америка и Европа во целина“, вели во разговорот за „Трилинг“ проф. д-р Денко Малески, поранешен министер за надворешни работи.

Фото: Трилинг / Мирослав Лабудовиќ

Фотоволтаични електрани, појаси за ветерници, достапност за гас на големите потрошувачи. Се почнато, но не е целовито. Во овие предизвици на енергетска зелена транзиција има и една непознаница – како и кога ќе се затворат трите блока на РЕК Битола. РЕК Битола е всушност прашање кое долго време тлее. Кои се предизвиците пред новата администрација во секторот рударство и енергетика? Македонија и по три децении самостојна држава и натаму е енергетско зависна. До кога и како?

„Бидејќи ние веќе имаме вишоци со производство на електрична енергија од обновливи извори и мораа таа енергија преку денот да ја складираме и да се искористи во ноќните часови каде што имаме недостаток. Првиот блок на РЕК Битола да се пренамени во гас, бидејќи во моментот и тоа е патот во овој процес на декарбонизација, кадешто сме обврзани да ја намалиме емисијата на јаглен. Дали како инвеститори би оделе сами или би оделе во некакво стратешко партнерство, треба да се види моменталната економска состојба на државата и како тоа некој нас би ни помогнал од финансиерите – банките“, е дел од разговорот во „Трилинг“ со Мирослав Лабудовиќ, заменик министер за енергетика рударство и минерали суровини.

Најавата погледнете ја во видеото: