СДСМ тврди дека економијата е во „слободен пад“ откако Мицкоски дојде на власт

Во месец септември оваа година индустриското производство бележи пад од 7,9% во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Падот на индустриското производство е токму во месец кој треба да биде поттик на растот на економијата. Ова е уште показател дека економските политики на Мицкоски се промашени, оценија утрово од СДСМ.

Според нив, податоците на Светска банка се аларамантни, бидејќи со ДПМНЕ на власт македонската економија е во слободен пад и наместо очекуваниот економски раст од 2,5 проценти, годинава, Светска банка очекува да биде само 1,8 отсто.

„Власта нема мерки за да одговори на потребите на граѓаните за зголемување на животниот стандард а од друга страна нема ниту развојни политики за економијата. Затоа просечната плата во земјата се намали за 1.000 денари, нема економски раст додека цените продолжуваат да растат. Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема план а се покажува дека нема ниту капацитет за да ја развива економијата на државата“, порачуваат од партијата.