Граѓаните мораа да земат слободен ден за да подигнат ваучер за инвертер-клима

Граѓаните се жалат дека покрај чекањето со месеци, сега имаат на располагање само еден ден за да го подигнат ваучерот и имаат чувство како владата да сака што помалку луѓе да можат да ги подигнат.

Започна делењето на ваучерите кои граѓаните ги чекаат уште од февруари. По доаѓањето на новата Влада неколку месеци документите се префрлаа од Министерството за економија, до Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Граѓаните се жалат дека покрај чекањето со месеци, сега имаат на располагање само еден ден за да го подигнат ваучерот и имаат чувство како владата да сака што помалку луѓе да можат да ги подигнат.

-Зедов слободен ден од работа што да правам, сега ќе чекам со часови, вели еден скопјанец на кој не му дозволиле друг член од фамилијата да го подигне ваучерот иако живеат на иста адреса, на која треба да се инсталира уредот.

До редакцијата на Рацин стигнале исто така и поплаки од луѓе кои се болни и кои не се во можност да ги подигнат ваучерите, но засега не добиле одговор од министерството на кој начин да го остварат своето право, со оглед на тоа што ваучерот може да се искористи само до крајот на месецот.

Фото: Рацин.мк

На доделувањето во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје најавено е присуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Според Министерството, вкупно 6 182 домаќинства ќе добијат ваучери. Преку Програмата за енергетска ефикасност во домаќинствата добитници на вредносен ваучер од 23 000 денари или 25 000 денари се 4 591 домаќинствo, а преку Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија добитници на вредносни ваучери во вредност до 30 000 денари се 1 591 домаќинство.

Доделувањето на ваучерите во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одвива од 9 до 17 часот, додека пак во другите градови во подружниците на центрите за вработување.

Извор: Рацин.мк