Фидан: Егејското море да го претвориме во море на мирот
Целиме да ги решиме постоечките проблеми со Грција по принципот на заемна корист и да го претвориме Егејското море во море на мирот, истакнал министерот за надворешни работи на Турција Хакан Фидан во интервјуто за турскиот весник „Аксам“, пренесоа грчките медиуми.
Целиме да ги решиме постоечките проблеми со Грција по принципот на заемна корист и да го претвориме Егејското море во море на мирот, истакнал министерот за надворешни работи на Турција Хакан Фидан во интервјуто за турскиот весник „Аксам“, пренесоа грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Ставот на Фидан е непосредно пред посетата на Атина и средбата со министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис закажана за петок.
-Го имаме принципот да бараме решенија за нашите постоечки прашања со Грција, согласно принципот на заемна корист, како што е дефинирано со визијата формулирана од нашиот претседател. Квалитативно разговараме за постоечките проблеми и целиме кон нивно завршување на начин на кој можат дефинитивно да се решат и ќе бидат во интерес на двете страни. Велиме Егејското море да го претвориме во море на мирот, рекол Фидан.
Паралелно, како што објави грчката новинска агенција АНА-МПА, денеска во Истанбул делегациите на Грција и Турција ќе одржат состанок во рамките на мерки за градење доверба.