Липавски до Муцунски: Неопходна е промена на Уставот и решавање на спорот со Бугарија
„Полна поддршка на Владата на Северна Македонија во стремежот да достигнат напредок во пристапните преговори. Треба да се реши билатералниот спор со Бугарија и тоа ќе бара уште многу работа.“, рече Јан Липавски.
Чешка и посака на Македонија среќа во евроинтегративниот пат. Шефот на чешката дипломатија Јан Липавски истакна дека чекор напред ќе претставува, како што рече, неопходната промена на Уставот, но исто така оцени дека треба да се реши и билатералниот спор со Бугарија. Пораките ги испрати од заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски кој е во посета на Прага.
„Полна поддршка на Владата на Северна Македонија во стремежот да достигнат напредок во пристапните преговори. Треба да се реши билатералниот спор со Бугарија и тоа ќе бара уште многу работа.“, рече Јан Липавски.
Муцунски пак ја повика Европската Унија да биде решителна за процесот на проширувањето. Според него, 2030 година може да биде реална цел за членство ако има политичка волја и од Унијата и од земјите-кандидатки. Муцунски изрази надеж дека наскоро ќе се формира политичка влада во Бугарија.
„Сме подготвени да разговараме за компромиси, за решенија, но компромиси и решенија коишто го прават нашиот евроинтеграциски пат предвидлив. Да не се соочуваме со сите оние билатерални предизвици, со коишто се соочуваме веќе 30 години – постојани барање за некои промени без предвидливост.“, рече Муцунски.
Муцунски додаде дека ќе претстојат тешки одлуки на патот кон ЕУ, а од друга страна Липавски истакна дека решавањето на спорот нема да биде едноставен.
Извор: ТВ21