Јавно достапните документи на официјалната веб-страница на Трговскиот регистар на Бугарија покажуваат дека „Јулија КО“, каде што директорот на АНБ, Бојан Христовски, тврди дека полагал и добил ТОЕФЛ-сертификат во 2022 година, нема никакви приходи од 2017 година наваму, објави „360 степени“.
Тоа значи дека оваа школа за јазици спроведувала тестирање и издавала ТОЕФЛ-сертификати во 2022 година ќе морала да пријави приходи
Фирмата „Јулија КО“ не е на на списокот на компании кои според упатството на Агенцијата за администрација од 2019 г. се посочени како центри во кои може да се полага ТОЕФЛ-тест во Бугарија.
Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, тврди дека се стекнал со ТОЕФЛ-сертификат во 2022 година.
На средината на 2020 година Јулија Иванова Тодорова поднела Изјава (Декларација) дека фирмата не остварила приходи во текот на 2019 година. Исти изјави (декларации) се поднесени и за претходните две години.
Според измените во бугарскиот Закон за сметководство, кои стапиле во сила на 1 јануари 2020 година, ако некоја компанија има поднесено изјава (декларација) дека нема приходи од 2020 година па наваму, а во следниот период нема остварено приходи, нема потреба секоја година да поднесува нова изјава (декларација) дека нема деловна активност, пишува „360 степени“.
Директорот на АНБ, Бојан Христовски, во својата биографија тврди дека полагал и добил ТОЕФЛ-сертификат од „Јулија КО“ во 2022 г., една од годините за кои компанијата не пријавува дека има приходи, односно ја користи декларацијата од 2020 дека нема остварено приходи во меѓувреме.