Шолц изразил подготвеност да посредува меѓу Скопје и Софија, процесот бил координиран и со Макрон?
На брифинг со новинарите, Мицкоски рече дека, по неформалната средба со бугарскиот претседател Румен Радев, македонската страна имала стратегија да гради наратив во правец да се најде решение на проблемот.
Премиерот Христијан Мицкоски денес е поголем оптимист дека, со помош на меѓународните партнери, може да се најде заеднички јазик со Бугарија со цел да се премости пречката со уставните измени и да се започнат преговорите со ЕУ, отколку што бил пред 6 месеци.
На брифинг со новинарите, Мицкоски рече дека, по неформалната средба со бугарскиот претседател Румен Радев, македонската страна имала стратегија да гради наратив во правец да се најде решение на проблемот.
Како што посочи премиерот, на тој начин разговарале и со меѓународните партнери, при што разговорите завршувале со констатација дека треба да се седне, да се разговара и да се најде решение, бидејќи пристапот „тоа е тоа“ не е решение.
По телефонскиот разговор со лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов, кој победи на последните парламентарни избори во Бугарија, Мицкоски добил чувство дека Борисов ќе се обиде да формира влада со ПП на Кирил Петров и уште еден партнер.
Притоа, премиер на новата влада ќе настојува да биде токму Борисов, кој, според Мицкоски, во разговорот со него кажал дека Македонците и Бугарите се „братски народи”. (Фокус)