СДСМ по информација од „свиркачи“ прашува: Каде бил Христовски на денот кога тврди дека полагал англиски јазик?

„Седница на Комисијата за надзор на работата на АНБ е неопходна за јавноста да може да се увери дека после оставката на членовите на Комисијата за помилување, треба да следи уште една оставка на Бојан Христовски а потоа и да следи одговорност“, соопшти СДСМ.

СДСМ поднесе иницијатива со којашто бараме свикување на отворена седница на собраниската Комисијата за надзор над работата на АНБ. На ова седница, отворена за јавноста треба да биде поканет директорот на АНБ и да даде одговор на сите прашања и основани сомнежи за неговото незаконско поставување, но и основани сомнежи за прекршување на законите“, велат од СДСМ.

Едно од тие прашања е врз основа на информацијата којашто е доставена до нас од свиркачи за тоа каде бил Бојан Христовски на денот кога тврди дека полагал за сертификат по англиски јазик?

Одговорот на ова прашање очекуваме да ги потврди основаните сомнежи за овој скандал.