Во Велика Британија откриен сој на мпокс што полесно се шири меѓу луѓето

Во Велика Британија е откриен еден случај на мајмунски сипаници (мпокс), а тоа е сојот 1Б, кој полесно се шири меѓу луѓето во споредба со оригиналниот вид, јави денеска Би-Би-Си.

Во Велика Британија е откриен еден случај на мајмунски сипаници (мпокс), а тоа е сојот 1Б, кој полесно се шири меѓу луѓето во споредба со оригиналниот вид, јави денеска Би-Би-Си.

Светската здравствена организација прогласи вонредна состојба во Африка поради големи сипаници.

Пациент од Велика Британија неодамна бил на одмор во Африка и почнал да се чувствува лошо 24 часа по враќањето. На 21 октомври му се појавиле симптоми слични на грип, а осипот се појавил три дена подоцна.

Пациентот се лекува во специјалистичка инфективна единица во Кралската болница во Лондон.

Случаи на 1Б мпокс се пријавени во ДР Конго, Кенија, Бурунди и Руанда. Се следи состојбата на лицата кои биле во контакт со заразените, а се претпоставува дека има помалку од 10 лица.

„Ова е првпат да го откриеме овој вид на мпокс во Обединетото Кралство, иако други случаи се потврдени во странство. Ризикот за населението во Обединетото Кралство останува низок, а ние работиме брзо на следење блиски контакти за да го намалиме ризикот од ширење“, рече професорката Сузан Хопкинс, главен медицински советник на Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (УКХСА).