Поранешниот директор на Зоолошката градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски објави дека ја презема функцијата претседател на градската организација на СДСМ.
Тој се заблагодари за довербата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче и вети дека ќе се заложи за решавање на проблемите со кои се соочуваат скопјани.
„Чест ми е што денес ја преземав функцијата претседател на градската организација на СДСМ. Му благодарам за довербата на претседателот Венко Филипче а на граѓаните на Скопје им ветувам дека ќе се заложам за брзо решавање на локалните проблеми на Скопјани. Воедно давам збор дека секогаш ќе бидам на браникот на младите и како што во минатото помагав на секој граѓанин без разлика на верска национална партиска припадност така и ќе продолжам. Мисија на мојот тим ќе биде чисто и подобро Скопје за сите“ напиша Галетановски на Фејсбук.