Костадинов сепак не излегува од ЗЕЛС
Градоначалникот на Струмица посочи дека напуштањето на ЗЕЛС е невозможно поради потребното гласање за таква одлука во општинскиот совет, како и поради користењето на апликациите и електронските системи на ЗЕЛС за издавање на градежни дозволи и продажба на земјиште.
Градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов истакна дека ја цени посветеноста на ЗЕЛС за решавање на проблемите, затоа што секој проблем е решлив, како и оној со водата во Струмица.
Тој посочи дека напуштањето на ЗЕЛС е невозможно поради потребното гласање за таква одлука во општинскиот совет, како и поради користењето на апликациите и електронските системи на ЗЕЛС за издавање на градежни дозволи и продажба на земјиште.
– Мојата цел не е да го напуштам ЗЕЛС од што сакам да го напуштам или да алудирам на некаква непочит кон колегата Ѓорѓиевски или кој било друг градоначалник. Алармот за проблемот со водата за пиење е вклучен, за да пристапат централните органи за надминување на состојбата, изјави Костадинов.