Белери: Рама го мрази грчкото малцинство, Албанија треба да покаже дека сака да биде дел од Европа
Европратеникот Фреди Белери, кој е дел од десетчлената делегацијата на Европскиот парламент за проверка на пристапниот процес на Албанија, која денес и утре е во Тирана, даде изјави само на грчки јазик порачувајќи дека „Албанија мора со дела да покаже дека сака да биде дел од Европската унија“.

-Омразата што господинот Рама ја има кон мене и етничкото грчко малцинство во Химара не исчезнува. За жал, Албанија, земја кандидат за членство во Европската Унија, покажува девалвација на европските тела во кои сака да се приклучи, но и девалвација на договорите што ги потпиша за заштита на дипломатските претставништва, изјавил Белери, објави Топ чанел.
Потсети дека 16 месеци поминал во албанска затворска ќелија без никаков доказ.
-Овие напади не ме плашат. Албанија мора со дела да покаже дека сака и мора да биде во Европа. Тоа не може да се направи доколку не се затворат старите рани во демократијата и владеењето на правото и не почне ги почитува правата на грчкото етничко малцинство, рекол Белери одбивајќи да даде изјава на албански.
При пристигнувањето во Тирана, денеска, пред зградата на Собранието помала група граѓани протестираа извикувајќи „ти си срам“, „ти си убиец“ а едно лице го гаѓаше со јајца и јогурт.
Нападот врз Белери го осуди грчкото министерство за надворешни работи.