Во Турција уапсени 216 членови на ИД
Вкупно 216 осомничени припадници на џихадистичката група Исламска држава се приведени во голема антитерористичка операција во Турција, објави на социјалната мрежа Икс турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја
Вкупно 216 осомничени припадници на џихадистичката група Исламска држава се приведени во голема антитерористичка операција во Турција, објави на социјалната мрежа Икс турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.
Антитерористичката операција е спроведена во 45 области, меѓу кои Адана, Анкара, Анталија, Бурса, Ескишехир, Истанбул, Измир и Коџаели.
Турција во 2013 година беше една од првите земји што ја вклучи ИД на листата на терористички организации. Оттогаш, земјата постојано беше цел на ИД со најмалку десет самоубиствени напади, седум бомбашки напади и четири вооружени напади, при што загинаа најмалку 300 луѓе, а стотици беа повредени.