ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро го осудува вандалскиот чин на дрско опожарување на возилото на колегата Благој Серсемов, уредникот на локалната телевизија и онлајн медиум М-нет од Штип.

-Инцидентот се случил во текот на изминатата ноќ во кој патничкото моторно возило на новинарот и уредник од штипската телевизија М-нет, било запалено од страна на непознати сторители во дворот на неговата семејна куќа. Со ова сторителите ризикувале да нанесат и поголема штета во смисла на изложување на потенцијален ризик по безбедноста на членовите на семејството на новинарот и на неговите соседи, се вели во денешното соопштение од ЗНМ.

Од ЗНМ велат дека Серсемов за ова тенденциозно уништување на неговиот личен имот изјавил дека ова го смета за директен удар врз сите медиуми, не само кон него лично, туку оти е загрозена безбедноста и на членовите на неговото семејство.