„Две третини од жителите на Киев, кои го напуштија градот на почетокот од војната со Русија, веќе се вратија дома“.
Ова го соопшти градоначалникот – Виталиј Кличко.
„Луѓе се враќаат секојдневно, и покрај препораките. Но, ние не можеме да забраниме. Можеме само да препорачаме“ – појасни Кличко.
Како што истакна тој, сè уште не вреди луѓето да се враќаат во градот, затоа што јавниот превоз не работи, а на пунктовите има контроли.
Кличко нагласи дека градските власти се потпираат исклучиво на препораките од војската, од каде предупредуваат дека постои закана од ракетни напади на градот.