Светска банка ќе го презентира полугодишниот економски извештај за земјите од Западен Балкан

Светска банка организира презентација на 26-то издание од серијата на извештаи за економската состојба во земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија), насловено „Задржување на моментот на раст“.

Како што информираат од Канцеларијата на Светската банка во Скопје, Извештајот ќе го претстават Сања Маџаревиќ-Шујстер, виш економист и Јоана Маџоска, економист при Светска банка.