Книжевна вечер со италијанската писателка Дача Мараини
По повод дваесет и четвртата Недела на италијанскиот јазик во светот, Амбасадата на Италија во Скопје и Катедрата за италијански јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ организираат виртуелна книжевна средба со реномираната писателка Дача Мараини.

Најавено е обраќање на италијанскиот амбасадор во земјава, а разговорот со писателката Мараино ќе се реализира преку видео вклучување. На настанот ќе бидат презентирани и македонските преводи на делата на Мараини, како и преводот на романот „Трио“ кој е резултат на преведувачката работилница со студентите на Катедрата за италијански јазик и книжевност под менторство на м-р Валентина Милошевиќ-Симоновска.
Мараини е една од иконите на современото италијанско творештво, добитник на најпрестижните книжевни признанија во Италија, наградите Стрега и Кампиело и кандидат за Нобеловата книжевна награда. Авторка на белетристика, поезија, драми и есеистика.