Песков: Русија не се согласува со Бајден дека руската политика во Украина е геноцидна

Портпаролот на рускиот претседател – Дмитриј Песков изјави дека Русија не се согласува со изјавата на американскиот претседател Џо Бајден дека руската политика во Украина е геноцидна. Песков им рече на новинарите дека таквите изјави се „тешко прифатливи“ од претседател на САД.

„Ние категорично не се согласуваме со нив. Сметаме дека ова е неприфатлив обид да се искриви ситуацијата на овој начин, особено е тешко да се прифати за претседателот на САД“ – рече Песков.

Тој ја опиша САД како „земја која извршила добро познати дела во текот на модерната и поновата историја“.