Првиот брод со имигранти од Италија плови кон Албанија
Бродот „Либра“ на италијанската морнарица отпловил од Лампедуза и плови кон Албанија за да ја донесе првата група имигранти во прифатниот центар во пристанишниот град Шенѓин, по што ќе бидат сместени во кампот во Ѓадр.
Бродот „Либра“ на италијанската морнарица отпловил од Лампедуза и плови кон Албанија за да ја донесе првата група имигранти во прифатниот центар во пристанишниот град Шенѓин, по што ќе бидат сместени во кампот во Ѓадр.
– Извршена е првична проверка на лицата, спасени на море, а кои се префрлаат во Албанија, за да се потврди дали ги исполнуваат бараните услови: доаѓаат од безбедни земји, мажи, кои не претставуваат опасност. Со иницијативата раководи италијанското Министерство за внатрешни работи, објавија албанските медиуми повикувајќи се на АНСА.
Според протоколот потпишан од премиерката Џорџа Мелони со нејзиниот албански колега Еди Рама, барателот на азил во рок од четири недели ќе добие одговор: доколку одговорот е позитивен, ќе биде префрлен во прифатниот центар во Италија. Во спротивно тие ќе бидат вратени во земјата на потекло.
Комисијата формирана од Префектурата на Рим ќе ги испита барањата, интервјуата ќе се одвиваат преку видео врска помеѓу Италија и Албанија.
Министерот за внатрешни работи Матео Пјантедоси минатата недела рече дека центрите „се слични на оние во Италија“ со режим на „лесен притвор“.
– Нема бодликава жица, има здравствена заштита, рекол тој.
Во интервју за италијанскиот весник „Ла Република“ деновиве, премиерот Еди Рама рече дека изградбата и управувањето со имигрантските центри во двете изградени структури немаат никаква врска со албанската влада, туку дека се е под надлежност на италијанските власти. Исто така, тој вели дека ниту еден имигрант нема да може да ги напушти овие објекти.
Минатата недела беше објавено дека центрите во Шенѓин и Ѓадр се целосно подготвени за прифаќање и прием на мигрантите.