Поштенскиот оператор „ЕЛС“ се понуди да доставува писма и пратки додека Пошта е во штрајк
Од приватниот поштенски оператор „ЕЛС“ излегоа со соопштение дека се подготвени да му излезат во пресрет на јавниот и приватниот сектор за непречена достава на писмата и пратките.
Ова доаѓа откако синдикатот на АД Пошта на Северна Македонија најавуви дека ќе штрајкуваат и пратките ќе останат недоставени.
Од „ЕЛС“ соопштуваат дека ги имаат сите потребни дозволи и лиценци за поштенска дејност.