Иран повторно демантира дека испраќал балистички ракети во Русија

- Јасно кажав и повторувам: не сме испратиле балистички ракети во Русија. Ако на Европа ѝ треба нешто за да ја смири израелската уцена, подобро е да најде друга приказна, нагласи Аракчи.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи ги демантираше наводите дека Иран испраќал балистички ракети во Русија за користење во војната во Украина.

– Јасно кажав и повторувам: не сме испратиле балистички ракети во Русија. Ако на Европа ѝ треба нешто за да ја смири израелската уцена, подобро е да најде друга приказна, нагласи Аракчи.