Шкрета Елхам – раководител на смена на граничниот премин „Блаце“ е уапсен откако е фатен на камера како зема мито 120 евра од државјани на Албанија кои ја минуваат границата. Видеото вчера го објави телевизија Клан.
„Јас сум албански бизнисмен кој превезува луѓе внатре и надвор од државата. Многу проблеми имаме со македонската погранична полиција. Не мито, туку им даваме плати секој ден, од 500 евра, 700 евра по возило. За секој патник тарифата беше 50 евра, но сега падна на 20 евра. Мито! За секој човек. Носам 20-30 патници. За секој патник мора да се дадат 20 евра“ – открива бизнисменот за ТВ Клан.
Денеска е уапсен началникот на смена, а веста за ТВ21 ја потврдил заменик министерот за внатрешни работи – Назим Буши за ТВ21.
„Внатрешната контрола веднаш го уапсила по добивање на веста“ – рекол заменик министерот.