Интернационален натпревар во пеење „Песните на Тоше Проески“
Во Националната опера и балет денеска ќе се одржи интернационален натпревар во пеење „Песните на Тоше Проески“, во организација на Естрада Мултимедија Центар.
Како што е најавено, на настанот ќе учествуваат млади музичари од нашата држава, од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Русија, Украина, Малта и Израел.
Натреварувачите ќе настапат прво во полуфиналето, а потоа ќе следува и финале во кое ќе учествуваат сите оние кои ќе бидат најдобро оценети од страна на жирито, кое ќе биде составено од бендот на Тоше.