Трилинг најава: Има ли потреба од идентитетско, јазично и културно преспитување?!

Во најновото издание на емисијата „Трилинг“ ќе гледате:

Ако под патриот се подразбира емоционална поврзаност со татковината и нацијата, може ли да се препознае вистински патриот во овие три децении независна држава?

Што е патриотизам?

Се бара од нас како држава да направиме промени на уставот, пречки на државата на патот кон ЕУ, проблеми со корупцијата. Како сето тоа ги погодува како уметниците, амбасадорите на македонската култура?

Извртување на историските факти е лага, а лагата и науката не одат. Во „Тетовирани души“, Горан Стефановски опишува еден историски стереотип во однесувањето на Македонците: „Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност.“

Почеток на антифашистичката борба во Македонија, 41 година. Дали во модерната поствоена историја и ова е доказ дека постојано сме на вистинската страна, како што милуваме да се дефинираме?

Подготвоките борбите главно беа водени од комунистичкото движење. Како и кога се распознава и граѓанскиот отпор, кој до АСНОМ се маргинализираше?

На овие и други прашања во „Трилинг“ разговараме со македонскиот оперски тенор Благој Нацоски и Митко Панов, директор на ИНИ – Институт за национална историја.