Пукотници во метрото во Њујорк – најмалку 13 повредени

Американските служби јавуваат дека 13 лица се пренесени во болница по пукањето во метро-станицата во Бруклин, Њујорк.

Агенцијата ДПА, повикувајќи се на полициски извори, пренесе дека вооружен маж со гас-маска и портокалов елек каков што користат градежни работници, фрлил димна бомба во возот во њујоршкиот кварт Бруклин, а потоа отворил оган врз патниците, ранувајќи 5 лица.

Од њујоршката полициј соопштија дека веднаш откако се затвориле вратите на возот, човекот со елекот фрлил неколку димни бомби во вагон и почнал да пука. Кога возот стигнал до станицата на 36-та улица, вратите се отвориле по што ранетите патници излегле од возот, некои со помош на други луѓе, и паднале на перонот.

Според полицијата, една од жртвите е во несвест и во критична состојба.

Вооружениот напаѓач бил опишан дека носел гас-маска и портокалов градежен елек.

Според „Си-Ен-Ен“, сите училишта во околина се под „засолниште“, што значи дека никој не смее да ја напушти зградата, а само ученици смеат да влезат, објасни портпаролот на Министерството за образование.