Спасовски: Нема прикривање и застој во истрагата во случајот со ракометарот Тот!

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи денеска на прес конфереција упати сочувство до семејството на починатиот ракометар Денис Тот. Тој рече дека ги отфрла сите шпекулации за наводно прикривање на овој случај и застој во истрагата.

„Во ниту еден момент нема никаков застој во истрагата. Веднаш после добивање на информацијата која не е добиена од лице место за нарушување на јавен ред и мир за тепачка и.т.н туку е добиена од Клиничкиот центар во Скопје. Нашите екипи се излезени во клинички и започнува истажните дејствија. Во ниту еден момент немаме запирање се до моментот на целосно расчистување на случајот а тоа е со поднесување пријави“ – рече Спасовски.

Министерот потенцираше дека „полицијата располага со видео-снимка на која што детално се гледа како се одвива настанот. Но кој бил мотивот за нападот, тоа треба да го докаже истражниот орган. Ние според изјавите што ги имаме, имало лично недоразбирање помеѓу девојката и момчето“.