Инфлацијата 2,6 проценти, цените на мало во септември зголемени за 3,3 насто
Во септември продолжил растот на цените и на инфлацијата, која на месечно ниво е повисока за 0,3 проценти, додека годишната стапка достигнала 2,6 проценти.
Според Државниот завод за статистика, месечното зголемување на инфлацијата произлегува од нагорните движења на трошоците на животот во шест групи. Најмногу – 1,7 % кај храна и безалкохолни пијалаци. Следуваат мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 1,1 %, комуникации за 0,9 %, разновидни стоки и услуги за 0,5 %, образование за 0,3 % и здравје за 0,1 %.
Статистиката забележала и намалени трошоци во споредба со август. Се работи за: транспорт со 5,3 %, рекреација и култура за 1,8 %, ресторани и хотели за 0,4 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 %.
Единствено промена на трошоците нема во групата облека и обувки, односно исти се како и во август.
Индексот на цените на мало, како што информираат од ДЗС, бележи зголемување од 3,3 проценти.