„Мнозинството Французи повеќе не ја сакаат Европската унија каква што е денес“.
Ова е ставот на Марин Ле Пен, лидерката на француската десница која во вториот круг од изборите на 24. април ќе се бори за претседателската функција против актуелниот шеф на државата – Емануел Макрон.
„Огромно мнозинство од Французите повеќе не ја сакаат ЕУ каква што е денес. Европа – јас не ја оспорувам, дека постои соработка – секако. Но, не може тоа да се прави против волјата на народот“, рече Ле Пен во интервју за француското радио „Франс Ентер“.
Таа рече и дека не постои „тајна агенда“ за излегување на Франција од Унијата во случај да победи на изборите.
Во првиот круг од изборите Ле Пен освои 23,15 отсто од гласовите, наспроти Макрон кој доби 27,84 настотна поддршка од гласачите.