Војната на Блискиот Исток ја поскапе нафтата, цените би можеле да пораснат до 100 долари за барел
Цените на нафтата би можеле да пораснат до 100 долари за барел поради разгорувањето на конфликтите на Блискиот Исток, предвидува енергетскиот аналитичар на МТС Марки, Саул Кавоник.
Според него, Иран сега е директно вклучен во конфликтот, кој обезбедува 4% од глобалното снабдување со нафта.
Европските берзански индекси денеска се во пораст, додека пазарите истовремено забележаа скок на цената на нафтата поради разгорувањето на кризата на Блискиот Исток и ракетниот напад на Иран врз Израел.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:30 часот порасна на 19.218,35 поени, британскиот FTSE 100 на 8.305,69 поени, францускиот CAC 40 на 7.592,09 поени, а московскиот MOEX на 2.829,22 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 42.156,97 поени, индексот S&P 500 на 5.708,75 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 17.910,36 поени.