Муртезани потпиша Спогодба за финансирање на ИПА 2024 со ЕУ кофинансирање во износ од 58.600.000 евра
Министерот за европски прашања и Национален ИПА координатор, Орхан Муртезани, утрово ја потпиша Спогодбата за финансирање на ИПА 2024 Годишната акциска програма помеѓу Европската комисија и Владата на Република Северна Македонија.
Оваа програма е во вкупен износ од 61.795.000 евра, од кои: ЕУ кофинансирање во износ од 58.600.000 евра; Национално кофинансирање во износ од 2.895.000 евра; Трета страна – корисници на грантова шема, во износ од 300.000 евра; за поддршка на секторите: здравство, социјала, правда, внатрешни работи, конкурентност и иновации, енергетика, земјоделство, локален и регионален развој.
Овие финансиски средства, распределени во три години, (почнувајќи од 2025), ќе бидат наменети за успешна имплементација на проекти кои се од суштинско значење за европската интеграција на земјата и зајакнување на институционалните капацитети, се вели во соопштението на Министерството.