(Видео) Балистички ракети се лансирани од Иран кон Израел

Сирени за воздушен напад се активирани низ целата територија на Израел, јавија локалните медиуми. Израелската армија објави дека балистички ракети се лансирани од Иран кон Израел.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги повикуваат Израелците „да останат внимателни и прецизно да ги следат упатствата на командата на домашниот фронт“.

Во меѓувреме, иранските медиуми јавија дека армијата врши ракетен напад врз Израел.

Иранската револуционерна гарда соопшти дека лансирала десетици проектили кон Израел и предупреди дека доколку Израел возврати, одговорот на Техеран ќе биде „подробен и погубен“, пренесува иранската државна телевизија.

Претходно „Њујорк тајмс“ цитираше тројца израелски официјални лица кои велат дека очекуваниот ирански напад ќе вклучува дронови и проектили, додека американски функционер предвидува употреба на балистички ракети.

Како што пренесе Тајмс оф Израел, нападот се очекува „во наредните часови“.