Столтенберг: Членките на НАТО не треба да се откажат од испраќање помош за Украина поради реториката на Путин

Членките на НАТО не треба да се откажат од испраќање поголема воена помош за Украина поради непромислената нуклеарна реторика на рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска во интервју за Ројтерс генералниот секретар на НАТО во заминување Јенс Столтенберг.

Столтенберг реагираше на изјавата на Путин минатата недела дека Русија може да користи нуклеарно оружје доколку биде погодена од конвенционални ракети и дека Москва ќе го смета секој напад поддржан од нуклеарно оружје врз неа за заеднички напад, наведува агенцијата.

„Она што го видовме е образец на непромислена руска нуклеарна реторика и пораки, и тоа се вклопува во таа шема“, рече Столтенберг, кој утре по една деценија на функцијата ќе му го предаде раководството на НАТО на поранешниот холандски премиер Марк Руте.

Столтенберг истакна дека секој пат кога ја зголемувале поддршката за нови видови оружје – борбени тенкови, ракети со долг дострел или Ф-16, Русите се обидувале да ги спречат.

„Тие не успеаја, па дури и овој последен пример не треба да ги спречи сојузниците на НАТО да ја поддржат Украина“, рече тој.