Првични резултати од парламентарните избори во Австрија – Партијата на слободата во водство
Само неколку минути по затворањето на гласачките места во Виена, објавени се првите прогнозирани резултати, според кои на прво место е Австриската партија на слободата, со 29,1 отсто, најдобар резултат во нејзината историја.
Резултатот е за 13 проценти подобар од резултатот во 2019 година.
Владејачката Австриска народна партија е на второ место со 26,3 отсто, што е загуба од 11,1 отсто.
Австриската социјалдемократска партија губи и го забележа најнискиот резултат досега (20,9 отсто).
НЕОС моментално е на четвртото место со 8,8 отсто, постигнат е плус 0,7 процент, Зелените загубија 5,3 отсто и се на петтото место со 8,6 отсто.
Право на учество на изборите за Националниот совет – Долниот дом на австрискиот Парламент имаа 6.346.059 австриски граѓани на возраст над 16 години.