И покрај тоа што Министерството за локална самоуправа ќе издвои 100 милиони евра за финансирање инфраструктурни проекти, општините аплицирале со проекти во вкупна вредност од околу 200 милиони евра. Само Град Скопје, кој води на листата и по сума на пари и по број на проекти, бара околу 102 милиони евра, што ја надминува целата сума .
Општина Тетово, која иако аплицираше со само 3 проекти, бара 6 милиони евра.
Потоа следува општина Битола која бара 4,5 милиони евра за 16 проекти, Куманово за 3 проекти бара 4 милиони евра, додека Чаир за 7 проекти – 3,8 милиони евра.
На јавниот повик се пријавиле 80 општини, но поголем дел од проекти се со скромни суми.
Освен Теарцe, која не се пријавила поради ненавремено доставување документи, општина Жерновцa барала само 90 илјади евра за 2 проекти, Лозовo за 3 проекти 100 илјади евра, додека Вевчани за 3 проекти 110 илјади евра.
На списокот се и општините Маврово-Ростуше, Конче и Новаци, кои бараат 120 илјади евра за 3 проекти.
Тетово, како што може да се види, води на листата по сума на пари што ја бара за реализација на проектите, а зад неа е Чаир.
Следува Гостивар за кој се потребни околу 2,8 милиони евра за 15 проекти, додека Сарај за 2 проекти бара да добие 2,4 милиони евра. Струга за 1 проект бара 2,2 милиони евра, Кичево за 7 проекти 1,9 милиони евра.
Најголем дел од парите се за патишта, канализација и водовод – главните проблеми на граѓаните.