Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе решение со кое ја забрани употребата на водата во Струмичкиот регион поради зголемено присуство на манган и колиформни бактерии.
Ова следува откако Агенцијата добила известување на струмичкото јавно претпријатие „Комуналец“ и Центарот за јавно здравје – Струмица дека по извршените лабораториски тестирања било утврдено оти водата во струмичкиот водоснабдителен систем не е безбедна за употреба.
На јавното претпријатие, како што соопштија од АХВ, наложено му е да го информира месното население да не ја користи за пиење водата од градскиот водовод и да обезбеди питка вода за граѓаните, сè до обезбедување на безбедна вода во градскиот водоснабдителен систем.