Претседателот на Украина – Володомир Зеленски упати предупредување до нацијата дека престојната седмица ќе биде клучна.
„Ќе биде исто толку напнато, дури и уште поодговорно. Русија се повеќе се плаши. Се плаши дека ќе изгуби. Се плаши дека ќе мора да ја признае вистината“ – вели Зеленски.
Според украинскиот претседател, руските трупи ќе се преориентираат на уште поголеми операции на истокот од земјата.
„Можат да користат уште повеќе проектили против нас, да фрлаат уште повеќе бомби од воздух. Но, ние се подготвуваме за нивните постапки. Ќе одговориме. Ќе бидеме уште поактивни во обезбедувањето оружје за Украина. Ќе бидеме поактивни на меѓународната сцена. Ќе бидеме уште поактивни на полето на информациите” – рече Зеленски.