Турскиот претседател Ердоган ја осуди политиката на Израел на „геноцид, окупација и инвазија“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги осуди неодамнешните напади на Израел во Либан и ги нарече израелска политика на „геноцид, окупација и инвазија“, повикувајќи го Советот за безбедност на Обединетите нации и другите организации да ја запрат еврејската држава.

Милитантната група Хезболах, која е поддржана од Иран, денеска потврди дека нејзиниот лидер Хасан Насрала е убиен, пренесува Ројтерс.

Во објава на својот профил на X, Ердоган рече, без да го именува Насрала, дека Турција стои со либанскиот народ и влада, изразувајќи сочувство за сите загинати во израелските напади.

Турскиот претседател посочи дека муслиманскиот свет треба да покаже „појасен став“.